Принцот од Монако и косопственик на фудбалскиот клуб, Алберт Втори изјави дека државата е подготвена да обезбеди финансиска поддршка на Монако.
„Оваа сезона е разочарувачка, бидејќи немаше доволно квалитет во тимот и управата, што не ни овозможи да постигнеме тимска кохезија. Одржавме неколку конференциски повици преку телефон за да се договорме како да се справиме со финансиската криза. Како и во многу клубови во Франција, државата Монако дава гаранција за помош на клубот“, изјави Алберт Втори.
Како секаде во Европа, така и во Франција се чека надминувањето на кризата и продолжувањето на шампионатот во Лига 1, но секако во Монако размислуваат како да ја надминат кризата и подготвени да ја дочекаат новата сезона.