Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, кој во претходното лето беше купен од германскиот Антрајхт Франфурт за 60 милиони евра, набрзо може да биде продаден.
22-годишниот играч иако беше ангажиран како големо засилување во нападот на „кралевите“, не успеа да ја добие довербата на тренерот, Зинедин Зидан. Според најавите, Јовиќ кој има договор до 2025 година влегува во радарот на Арсенал.
Непотврдени информации велат дека екипата од Премиер-лигата е подготвена да понуди 50 милиони за потписот на младиот играч. Јовиќ до прекинот на сезоната поради пандемијата со ковид-19, одигра 24 натпревари за екипата од „Сантијаго Бернабе“ со ефект од два гола и исто толку асистенции.