Централниот дефанзивец на Лајпциг, Упамекано, призна дека ќе го напушти клубот ова лето и најверојатно ќе се пресели во некој од европските гиганти. За Французинот од бундеслигашот интерес има кај Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Арсенал.
Договорот на Упамекано со „биковите“ е до 2021 година, а со оглед на неговото одбивање да потпише нов, РБ Лајпциг ќе мора да го продаде.

