Фудбалерите на Арсенал не ја прифатија антикризната програма на клубот, поради пандемијата на коронавирус, пренесува „Мирор“.
Според извор, управата на лондонскиот клуб предложила намалување на платите на фудбалерите за 12,5% за една година, доколку тимот не успее да се најде во европските купови на крајот на сезоната.
Во случај на влез во Лигата на Европа, намалувањето на платите ќе биде 7,5%. Ако Арсенал влезе во Лигата на шампиони, тогаш на играчите ќе им биде вратена целокупната сума.
Предлогот му бил предаден на Хектор Белерин, кој е репрезентативен претставник во Здружението на професионални фудбалери. Сепак, фудбалерите одговорија негативно на истиот.

