Англиската фудбалска лига планира да ги продолжи натпреварите на 6 јуни доколку е безбедно и има услови за тоа. Сите фудбалски натпревари во Англија се прекинати заради кризата со коронавирусот, но загриженоста за финансиската состојба расте.
Ова е причината зошто англиската фудбалска лига е решена да ја заврши сезоната, со што ќе им помогне на помалите клубови да се справат со ситуацијата, вели весникот „Мирор“.
Доколку дуелите започнат да се играат во јуни, тоа се очекува да се случи пред празни трибини. Исто така, постои можност Премиерлигата да биде продолжена истиот викенд. Клубовите ќе се обидат да играат на почетокот на јуни само доколку владата даде зелено светло и објави дека ситуацијата е безбедна. Англиската фудбалска лига управува со второто, третото и четвртото ниво на фудбал во Англија – Чемпионшип лигата, Првата и втората лига.

