Раководството на Лига 1 постави одредени датуми на кои треба да се започне и да се стави крај на остатокот од француското првенство.
Според информацијата објавена синоќа, планот е сезоната да продолжи на 17 јуни и да заврши на 25 јули. Тимовите се очекува да играат натпревари за на секој 3 дена. Ова ќе остави време за плеј-офот за испаѓање и промоција, како и можни евро настапи, чија идеја е да се одржат во август. Лигата на професионални фудбалери во Франција потврди дека планираат натпревари за тие датуми.
Сè уште не е јасно дали тие ќе бидат пред празни трибини. Финалето за Купот на Франција помеѓу ПСЖ и Олимпик Лион би се играл на 27 јуни, а оној за Лига купот во кој парижаните ќе се соочат со Сент Етијен на 11 јули.

