Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани ќе може да си замине од клубот во текот на летото, тврди „Калчомеркато“.
Фудбалерот не е прв избор на тренерот Маурицио Сари и клубот веќе му кажал дека бара други опции за продолжување на неговата кариера. Исто така, веројатно ќе се користи како дел од преговори за привлекување на друг играч кај „Бјанконерите“.
Друга причина за можната продажба на Ругани е тоа што во Јувентус треба да се пополни касата со свежи средства. Ругани исто така беше на продажба во последните два трансфер периоди, но тогаш не дојде до трансфер. Тој дури беше спакуван минатото лето, но тогаш дојде до тешката повреда на Џорџо Килини и тренерскиот тим реши да го задржи. Во јануари имаше нова опција да си замине, но се повреди Демирал и повторно остана.
Цената на Ругани е околу 25 милиони евра, што не е толку застрашувачка за потенцијалните купувачи. Поголем проблем би можел да биде платата на играчот, што е 3,5 милиони евра по сезона. Се верува дека Арсенал, Наполи, Рома и Зенит имаат интерес за централниот дефанзивец.