Еден од најдобрите фудбалери гледано во историјата на Барселона, Чави, потенцира дека Каталонците супериорно ги освојувале титулите во Лигата на шампионите додека Реал Мадрид имал многу среќа во моментите кога го освојуваше врвот на Европа.
„Барселона беше многу подобра од противниците, не може да се каже дека ја имаше историската среќа како дел од другите клубови. Барса во една сезона ја освои Ла Лига и ЛШ, Реал беше шести на табелата а сепак победи во Лигата на шампионите. Тоа се вика среќа“ – вели Чави.
Шпанецот не крие дека сака да седи на кормилото на Барселона, но, под услов да се промени раководството и Бартоме да ја напушти претседателската позиција.