Фудбалерите на Јувентус, Даниеле Ругани и Блејс Матуиди, кои беа позтивни на Ковид-19 успеале да ја надминат болеста, информираше денеска екипата од Торино.
„Даниеле Ругани и Блејс Матуди, според протоколот беа подложени на двојно тестирање за Ковид-19. Тестовите покажаа негативни резултати. Фудбалерите се опоравија и не се во домашна изолација“ – стои во соопштението на „старата дама“.
Ќе потсетиме дека Ругани беше првиот фудбалер од Серија „А“ што покажа позитивни резултати на корона-вирусот.