Играчот од средниот ред на Астон Вила, Џек Грилиш, и натаму е најпосакуваниот фудбалер за Манчестер Јунајтед. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер инсистира да го добие Англичанецот ова лето и покрај тоа што неговото однесување надвор од терените предизвика доста полемики во јавноста.
Норвежанецот барал од извршниот директор Ед Вудворд да го донесе Грилиш во Манчестер и минатото лето, а потоа и во јануари, но не беше постигнат договор. Според ЕСПН, Астон Вила сега е согласна да ја продаде својата sвезда, без разлика дали ќе успее да се спаси од испаѓање, а тоа е голема шанса за Јунајтед.

