Бразилскиот фудбалер, Филипе Кутињо, кој се наоѓа на платниот список на Барселона а игра како позајмен во Баерн Минхен, најверојатно во наредната сезона ќе се врати на „Камп Ноу“, најави тренерот на шпанците, Кике Сетиен.
„Филипе е фантастичен играч и за него треба да се плати сериозна сума. Не знам дали сака да си оди или да се врати, морам прво да разговарам со него“ – вели стратегот на Барселона.
Во изминатиот период континуирано се појавуваа вести дека германскиот состав нема намера да му го откупи договорот на Кутињо.