Весникот „Марка“, објави дека напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, кој е трансферна цел на неколку елитни тимови, доколку добие понуда ќе се одлучи за Барселона.
Наводно, неговите проценки велат дека е сега вистинскиот момент да го облече дресот на каталонскиот тим бидејќи не се знае дали повторно ќе има таква шанса. Откупната клаузула на голгетерот изнесува 110 милиони евра.
Во исто време италијанската – „Газета дело Спорт“, објави, дека „нероаѕурите“ бараат замена за Лаутаро. Во игра се имињата на Тимо Вернер од Лајпциг и на Лука Јовиќ кој е на излезната врата од Реал Мадрид.

