Екипата на Арсенал ја разгледува можноста да го донесе напаѓачот на Валенсија, Родриго Морено во следниот трансфер период.
„Топчиите“ се подготвуваат за голема промена во нивниот напад бидејќи се чини дека најголемата ѕвезда на тимт, Пјер-Емерик Обамејанг летово ќе ги напушти „Емирати“.
Валенсија, од своја страна, можеби ќе мора да направи кадровски промени како резултат на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Родриго е еден од најдобрите играчи на тимот, со откупна клаузула од неверојатни 110 милиони евра.

