Претседателот на Бреша, Масимо Челино потврди дека е заразен со коронавирусот заедно со својата ќерка. Првиот човек на италијанскиот фудбалски клуб од северниот дел на Италија тврди дека се заразил додека бил на Сардинија.
„Бев во Каљари неколку дена, после три недели карантин во Бреша. Бев во болница да направам тестови. Симтпомите ми беа замор и ме болеа коските“, рече Челино.
Челино е еден од најголемите противници на идејата да се вратат фудбалските натпревари следниот месец. Според него Бреша нема да ја доигра сезоната сигурно, па и по цена да биде исфрлена од лигата.

