Играчот од средниот ред на Фиорентина, Федерико Киеза се согласи со условите од договорот со Јувентус, пренесува „Фудбал Италија“ повикувајќи се на весникот „Ла Стампа“.
Клубот од Торино му понуди на играчот договор со плата од 5 милиони евра годишно. Фиорентина, која наскоро ќе добие околу 60 милиони евра од продажбата на италијанскиот репрезентативец, не сака да го пушти во Јувентус. Интер и англискиот Манчестер Јунајтед исто така го бараат Киеза.
21-годишниот Киеза е дете на Фиорентина и син на славниот фудбалер Енрико Киеза. Договорот на играчот од средниот ред со „виолетовите“ важи до летото 2022 година. Трансферната вредност на Киеза е 70 милиони евра.
Претходно беше објавено дека Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 70 милиони евра за играч на Фиорентина.

