Напаѓачот Златан Ибрахимовиќ нема да стане играч на Хамарби следната сезона, пренесува весникот „L’Equipe“.

За време на паузата во Серија А, Ибрахимовиќ се врати во Шведска и ја одржува форма со шведскиот клуб. Сепак, тој нема да биде дел од оваа екипа и да остане да се натпреварува за тимот. Ибрахимовиќ му се придружи на Милан во јануари оваа година како слободен агент.
Оваа сезона, 38-годишниот играч одигра 10 натпревари за „росонерите“, постигнувајќи четири гола и направи една асистенција. Минатиот ноември Ибрахимовиќ стана косопственик на Хамарби.

