Екипите на Милан, Тотенхем и Астон Вила се заинтересирани за голманот на Аталанта, Пјерлуиџи Голини, пишува „Газета дела спорт“.
Од Тотенхем бараат замена за Уго Лорис, а според изјавата на нивниот менаџер Жозе Мурињо е импресиониран од настапите на 25-годишниот голман во Серија А и Лигата на шампиони. Меѓутоа, во Англија ги негираат овие тврдења.
Клубот од Бирмингем бара да го врати назад овој голман, откако тој го напушти тимот во 2018 година за да му се приклучи на тимот од Бергамо за 3,8 милиони евра. Што се однесува до „росонерите“, тие бараат наследник на Џанлуиџи Донарума, кој многу веројатно ќе го напушти „Сан Сиро“ ова или следното лето.

