Раководството на ПСЖ сè уште не е во можност да постигне договор со играчите за намалување на платите за време на прекинот во првенството поради пандемијата на коронавирусот, пренесува „L’Equipе“.
Како што е познато, фудбалот во земјава е запрен повеќе од еден месец, а сезоната се очекува да започне повторно најрано во јуни. Преговорите меѓу извршниот директор на ПСЖ Леонардо и претставниците на фудбалерите Маркињос и Тијаго Силва за намалување на платите за меѓу 20 и 30 % продолжуваат, со тоа што досега не се најде заедничка позиција по овој случај.
Според последните бројки од минатата сезона, ПСЖ е клуб кој троши повеќе од 370 милиони евра на плати на играчите годишно.

