Тројца фудбалери на Арсенал засега не дале согласност да им бидат намалени платите во наредните 12 месеци иако челниците на лондонскиот состав објавија дека имале успешни преговори со играчите и стручниот штаб.
Според –„Дејл Мејл“, Месут Озил, кој има неделна плата од 350.000 фунти со што е најплатениот играч на Арсенал, заедно со уште двајца играчи ќе имаат индивидуални преговори со управата.
Наводно, искусниот интернационалец сака клубот да му докаже дека е во финансиска загуба поради корона-вирусот па дури потоа да се согласи со најавеното намалување на платата.
