Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, подготвил список на фудбалери кои во текот на летото ќе бидат ставени на трансфер-листата.
Како што пренесува шпанскиот – „АС“, вкупно седум играчи се на излезната врата од –„Сантијаго Бернабе“. Не е тајна дека прв на списокот ќе биде Герет Бејл а покрај Велшанецот ќе фигурираат и Хамес Родригез, Лукас Васкез, Маријано Дијаз, Алваро Одриозола, Алфонс Ареола и Начо Фернандез.
Шпанскиот елитен состав се надева дека со продажбата на споменатите фудбалери ќе инкасира повеќе од 100 милиони фунти и дека парите ќе искористи за ангажман на нови играчи.
