Фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ, континуирано се поврзува со можен трансфер во екипата на Јувентус.
Познато е дека договорот на Хрватот истекува во 2021 година, но, според проценките на „Мундо Депортиво“, многу порано ќе си замине од „Камп Ноу“. Тоа ќе зависи од летниот преоден рок кој е под знак прашалник со оглед на пандемијата на корона-вирусот.
„Ракитиќ знае дека не влегува во плановите на Барселона“ – пишува весникот со потсетување дека Хрватот кој потпиша за Каталонците во 2014-та година сега не ја добива посакуваната минутажа.