Фудбалските клубови од Серија „А“ денеска на видео конференција одлучија сезоната да продолжи доколку тоа го дозволи Владата на Италија.
„Собранието на Серија А со 20 гласа на клубовите ја потврди намерата за завршување на сезоната. Продолжението на спортските активности и таканаречената втора фаза ќе се одвива во согласност со насоките на ФИФА и УЕФА“ – се вели во соопштението на лигата.
Поради пандемијата со корона-вирусот, фудбалот во Италија е ставен во мирување повеќе од еден месец.