Челниците на фудбалскиот состав Реал Мадрид ќе побараат дозвола од главните луѓе во шпанската федерација да ја доиграат сезоната на стадионот – „Алфредо ди Стефано“ кој има капацитет од само 6000 седишта.
Откако Примера одлучи набрзо да продолжи сезоната без гледачи, „кралевите“ сакаат да го искористат тој термин и забрзано да го реновираат стадионот – „Сантијаго Бернабе“.
Димензиите на теренот на малиот стадион на Реал Мадрид одговараат на пропозициите за прволигашки фудбал.

