УЕФА на вчерашната видео-конференција со преставниците на 55-те земји членки донесе одлука за термините во кои ќе се играат квалификациските натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа за идната сезона. Според одлуката која треба да биде потвреден утре на сотанокот на Извршниот одбор на УЕФА, новата сезона во ЛШ ќе почне на 28 и 29 јули со премиерното елиминациско коло.
Првите квалификациски средби за ЛЕ би се играле на 30 јули. Според новиот календар на УЕФА, комплетниот квалификациски дел за влез во групната фаза на двете натпреварувања треба да заврши до крајот на септември.

