Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е против тоа клубот да потроши многу пари за купување на Хари Кејн. Напаѓачот на Тотенхем веќе изјави дека има шанси да го напушти Тотенхем, но од клубот реагира аведнаш поставувајќи цена од фантастични 200 милиони фунти за негова слобода.
Норвежанецот верува дека напаѓачот Маркус Рашфорд е веќе одличен голгетер и има намера да му верува во комплетната нова сезона. Покрај тоа, Солскјер исто така ќе смета и на Ентони Марсијал кој оваа сезона постигна 16 гола на 34 натпревари.

