Младиот фудбалер на Бреша, Сандро Тонaли, дефинитивно ќе предизвика големо внимание на трансфер пазарот откако Интер, Јуве, Наполи, ПСЖ, Милан и уште неколку елитни состави најавија дека се заинтересирани за неговиот потпис.
Сега според шпанските медиуми во игра влегува и екипата на Барселона која наводно понудила солидни 60 милиони евра за да го ангажира на „Камп Ноу“.
Младиот фудбалер кој набрзо ќе полни 20-ет години, успеа да остави фантастичен впечаток во Серија „А“ и воедно да се избори за место во репрезентацијата на Италија.

