„Тутоспорт“ најави дека челниците на Јувентус планираат да ја прекинат соработката со напаѓачот, Гонзало Игуаин. Италијанскиот фудбалски клуб ги повика странците да се вратат во Торино и да ја поминат задолжителната изолација во карантин пред да продолжат со тренизите.
Игуаин кој во моментов е во Аргентина со неговата болна мајка, нема намера да се врати на „Чизмата“ и да го испочитува договор со клубот. „Тутоспорт“ пишува дека голгетерот има три опции.
Првата е да се врати во Торино и да ја заврши сезоната. Втората е да го убеди раководството на „старата дама“ да му дозволи да остане во татковината и третата која е најверојатна, да биде прекината соработката меѓу двете страни.