Тренерот на фудбалерите на Челзи, Франк Лампард, внимателно ја следи ситуацијата со напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг , кој ќе ги напушти „топчиите“ во текот на летото доколку не добие продолжување на договорот кој му истекува догодина.
Репрезентативецот на Габон влегува во радарот на Реал Мадрид, но, медиумите во Англија најавуваат дека за неговиот потпис ќе конкурираат и „сините“ од Лондон.
Челзи во текот на летото ќе остане без Педро, Жиру, Вилјам и Батшуаи, што значи дека Лампард мора да најде барем уште еден класичен напаѓач кој ќе му прави друштво на Хаким Зијач кој беше купен од Ајакс.