Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Ристовски, по пат на социјалните мрежи потврди, дека членовите на нашата најдобрата репрезентација донирале медицинска опрема за болниците во кои се лекуваат заболените од корона-вирусот.
– Ви благодариме што се грижите за нашите сограѓани и не се штедите во оваа заедничка битка. Воедно ги повикуваме сите кои се во состојба да донираат, да го направат тоа, сега кога е најпотребно. Длабока почит кон медицинските тимови и целиот помошен персонал“ – се вели во дел од објавата на Стефан Ристовски.
Болницата „8ми септември“ и Клиниката за Инфективни болести во Скопје од фудбалерите добија маски, скафандери, капи, средства за дезинфекција, заштитни визири и слична опрема, – наведува во објавата нашиот репрезентативец.
.