Сопственикот на Сампдорија, Масимо Фереро изјави дека клубовите во Серија А треба да се потрудат добро да се подготват за сезоната 2020/21, наместо да се грижат за продолжување на актуелната сезона.
Засега нема точна информација кога ќе продолжат првенствата во цела Европа и дали ќе има услови за враќање на истите, а дел веќе прогласија и крај, како Холандија.
„Да не се залажуваме, додека некој не каже дека има вакцина, нема фудбал. Само тогаш можеме да бидеме мирни. Наместо да кажеме: Ајде да почнеме одново, подобро да ги засукаме ракавите и да обезбедиме добра следна сезона“, изјавил Фереро.