Италијанскиот тим Интер е фаворит да го привлече напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, доколку Лаутаро Мартинез ја напушти екипата и замине во Барселона летово, пренесуваат медиумите во Италија.
Интернационалецот од Габон и Арсенал ги замрзнаа разговорите за нов договор, а неговиот сегашен истекува во летото 2021 година. Оваа ситуација значи дека неговата цена ќе падне драстично и ќе биде далеку од 63 милиони евра што Борусија Дортмунд ги доби за него во јануари 2018 година. Обамејанг се сметаше и за потенцијална цел за Реал Мадрид, но во текот на јуни тој ќе наполни 31 година, а со тоа е веќе престар за Реал, особено затоа што оваа екипа сака да донесе млади играчи кои ќе бидат иднина на клубот во за следните 10 години.
Во исто време, Интер сака да го искористи искуството на Обамејанг во Лигата на шампионите и ќе обезбеди разновидност во нападот, каде ќе дејствува со Ромелу Лукаку. Во исто време, Обамејанг е запознаен со состојбата на „Џузепе Меаца“, откако неговата кариера започна во академијата на Милан, од каде беше префрлен во 2012 година за 1,8 милиони евра во Сент Етијен.

