Италијанскиот фудбалски голман, Џанлуиџи Донарума, сака да го продолжи договорот со Милан, но, не е подготвен да прифати намалувањето на платата како што најави главниот финасиер на клубот “ – објави денеска – „Tuttosport“.
Тој пред три години потпиша договор со „росонерите“ со кој добива по 6 милиони евра на сезона. Соработката на Донарума со италијанскиот тим ќе заврши догодина во јуни.
Доколку 21-годишниот голман во меѓу време не најде заеднички јазик со клубот, тогаш може да очекува бројни понуди од европските гиганти Јувентус, Реал Мадрид, ПСЖ итн.
