Њукасл Јунајтед со новиот амбициозен проект кој го планираат новите сопственици, може да се претвори во најбогатиот фудбалски клуб во Премиер- лигата.
Според најавите, англичаните кои планираат да ги ангажираат Едисон Кавани од ПСЖ и играчите на Наполи, Дрис Мертенс и Калиду Кулибали, фрлиле око и на францускиот офанзивец, Набил Фекир, кој ги брани боите на Бетис.
Луцидниот фудбалер до прекинот на сезоната во Шпанија одигра одлично на сите мечеви вклучително и на дерби дуелите со Реал Мадрид и Барселона. Бетис за потписот на 26-годишниот играч ќе бара околу 100 милиони евра.

