По Холандија, Белгија, Аргентина и Фрнација одлучи тековната сезона да ја прекине дефинитивно.
Фанцуската влада соопшти дека сите спортски активности, вклучувајќи го фудбалскиот шампионат ќе бидат во мирување до август.
Тоа значи дека тековната сезона е дефинитивно готова. Оваа информација прв на својот твитер профил ја објави реномираниот спортски новинар, Бертран Латур.
Во скоро време се очекува да бидат донесени одлуки околу шампионот на Франција, кои екипи ќе бидат дел од Европските купови, а кои екипи ќе одат во понизок ранг.