Њукасл има намера да му понуди на Маурисио Почетино плата од 19 милиони фунти годишно, пренесува „Скај Спортс“.
Ваквата плата ќе го направи Аргентинецот еден од најдобро платените тренери во светот. 48-годишниот аргентински тренер е подготвен да ги започне преговорите со клубот, кој треба да биде во сопственост на конзорциум од Саудиска Арабија. Договорот сè уште не е целосно завршен, но извештаите во медиумите велат дека е во напредна фаза.
Од 2014 година, Почетино беше на чело на Тотенхем, а во ноември 2019 година беше заменет со Жозе Мурињо како менаџер на Спарси. Аргентинецот го одведе тимот од Лондон во финалето на Лига Купот и Лигата на шампиони.