Британскиот заменик-началник на полицијата, Марк Робертс, изјави за – „Дејли телеграф“ дека повторното отворање на Премиер-лигата ќе биде огромен предизвик и дека полицијата треба да има право да ги одложи натпреварите во контекст на пандемијата со КОВИД-19.
„Мислам дека треба да ги погледнеме апсолутно сите опции за тоа кои срдби треба да се одиграат. Како можат да се обезбедуваат и дали можат да се играат на неутрални стадиони. Сепак, на прво место треба да биде здравствениот аспект “, рече Робертс.
Англиското првенство беше суспендирано кон средината на март. Според најавата, утре претставниците на 20-те елитни клубови ќе разговараат за можноста за рестартирање на шампионатот и тоа на само одредени стадиони.