Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Ред Бул Лајпциг, Тимо Вернер, очекува понуда од челниците на Ливерпул, објавија денеска дел од медиумите во Германија.
Весникот –„Билд“, објави, дека врвниот голгетер преку неговиот агент задолжен за трансфери најавил, дека нема намера да прифати ниту една понуда од било која екипа од Бундес-лигата и дека сака да замине во Англија.
Трансферната вредност на 24 годишниот напаѓач се проценува на околу 50 милиони евра. Сега на потег се првите луѓе на тимот од „Енфилд“.

