Откако вчера беше донесена одлука за целосно прекинување на фудбалот во Франција и ПСЖ беше прогласен за нов шампион, клубовите останаа без голема сума на пари од ТВ-преносите.
„Л’Екип“ пишува дека „Canal+“ одлучил да го прекине договорот и да ги замрзне останатите исплати за сезоната 2019/20. Истото ќе го стори и „beIN Sports“, која имаше право за ТВ-пренос на мечевите од Лига 1 и Лига 2.
Ова значи дека ЛЕП ќе остане без 243 милиони евра, сума која ќе ја добиеше доколку сезоната се доиграше.

