Фудбалската федерација на Италија на вчерашниот состанок донесе неколку важни одлуки за Серија А за следната сезона. Челниците на италијанскиот фудбал одлучиле следната сезона од Серија А без оглед дали оваа ќе се заврши или не, да брои 20 учесници, а не 22 како што се претпоставуваше во претходниот период.
Тоа значи дека ќе има испаѓање од лигата, како и промоции. По оваа одлука, СПАЛ, Бреша, Џенова и Лече ќе стравуваат бидејќи се најзагрозени на табелата.
Со оглед на тоа дека ќе има промоции од Серија Б во Серија А, тоа значи дека Беневенто повторно ќе игра во највисокиот ранг, а би требало да му се приклучи и Кротоне како и уште една екипа од Серија Б која би била дополнително одредена.