Напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер изјави дека повеќе би дакал трансфер во странство отколку во Баерн Минхен. Германскиот репрезентативец го следат голем број на екипи, меѓу кои Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
„Баерн е одличен клуб, нема потреба да коментирам за нив и Ханзи Флик докажа дека е многу добар тренер. Ако во одреден момент имам можност за трансфер, повеќе би сакал да играм во странство отколку во Баерн. Самиот предизвик да се игра во друго првенство е поголем од трансферот во Бундес-лигата“, изјави Тимо Вернер за весникот „Билд“.
Вернер ја започна сезоната со договор кој истекуваше со РБ Лајпциг и многумина очекуваа тој да се пресели во Баерн. Сепак, тоа не се случи и во август потпиша нов тригодишен договор со неговиот сегашен клуб.