Фудбалерот на Шангај СИПГ, бразилецот Хулк зборуваше за враќање на тренинг по избувнување на коронавирусот во Кина.
„Се вративме во нормала, но мора да продолжиме да ги применуваме безбедносните мерки. При излегување, мора да носиме маска. Секогаш се обидувам да имам алкохолен гел со мене за да можам да го користам после контакт со некои работи. Но, сега сè е мирно. Гледам дека сè работи како и обично, вклучително и ресторани. Гледаме колку е важна работата на кинеската влада. Тие успеаја да ја преземат контрола врз ситуацијата. Се надевам дека целиот свет може да ја надмине оваа ситуација што е можно поскоро. Не знаеме кога ќе започне сезоната, и покрај фактот дека ситуацијата се стабилизира. Ние се стремиме да започнеме да играме што е можно поскоро, но во исто време разбираме дека мора да бидеме исклучително внимателни. Треба да играме кога ќе се отстранат сите ризици. Се надевам дека луѓето ќе можат да одат на стадион и да гледаат фудбал“, изјави Хулк.

