Реал Мадрид и Јувентус се главните кандидати за потписот на првата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, објавија денеска медиумите во Шпанија, Италија и Англија.
Весникот – „Мирор“ пренесува дека „кралевите“ за ангажман на францускиот фудбалер подготвиле 70 милиони фунти, но, тоа ќе биде само првата понуда која ќе ја испратат до „црвените ѓаволи“ кои пак, претходно поставија сума од 100 милиони фунти за нивниот играч.
27-годишниот репрезентативец на Франција останува приоритет и за „Старата дама“. Тимот од Торино планира покрај одредена сума на пари во целиот трансфер да ги вклучи и Арон Рамзи или Даглас Коста.

