Фудбалерот, Кевин Де Бруин, кој се натменува како еден од најдобрите во Манчестер Сити, вели дека ќе си замине од англискиот состав доколку му биде потврдена забраната за настап во Европа во наредните две сезони.
„Сите во клубот се уверени дека нема причина да бидеме казнети. Јас им верувам на луѓето тука и затоа ќе почекам да видам што ќе се случи. Кога ќе биде донесена конечната одлука, ќе ја разгледам. Две години без настап во Лигата на шампионите е навистина долг период“ – вели интернационалецот од Белгија.
Англичаните откако ја добија казната од УЕФА веднаш испратија жалба до Арбитражниот суд во Лозана кој допрва треба да донесе одлука.

