Големата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, се чини дека конечно ќе отпатува за Торино, бидејќи неговиот приватен авион вчера успеал да слета во Мадеира.
Најавено е дека авионот на Роналдо бил приземјен во Мадрид, поради ограничувањата за летови, наметнати како резултат на коронавирусот.
Сепак, „Кориере дело Спорт“ тврди дека авионот се спуштил вчера во Фуншал и дека ЦР7 би можел да се врати во Италија во текот на денешниот ден.
35-годишниот фудбалер по доаѓањето во Италија ќе мора да помине задолжителни две недели во самоизолација пред да продолжи со тренинзи со останатите соиграчи во Јуве.