Од Ливерпул одлучиле да направат пауза во преговорите за трансфер на напаѓачот РБ Лајпциг Тимо Вернер , пренесува весникот „Гардијан“.
Клубот веќе го известил Лајпциг дека им треба повеќе време за да се одлучат за можниот трансфер на Вернер. Ливерпул сака да го процени влијанието на пандемијата на коронавирусот на пазарот на трансфери и на сопствениот буџет. Самиот Вернер е подготвен да го напушти РБ Лајпциг, а Ливерпул важи за главен кандидат за овој фудбалер чиј договор предвидува обештетување од 60 милиони евра.
Во досегашната сезона од германската Бундес лига, прекината поради пандемијата на коронавирусот, Вернер одигра 25 натпревари за РБ Лајпциг и постигна 21 гол. Во моментов тој е втор стрелец во првенството зад Роберт Левандовски, кој постигна 25 голови.

