Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски, во интервју за медиумите во Италија, откри, дека во претходното лето имал понуда да заигра во Милан, но, трансферот пропаднал.
„Претставници на Милан се сретнаа со моите агенти. Постоеше контакт и разговор, но, на крајот не се договоривме. Преговорите не течеа како што очекував и на крајот ја избрав понудата на Мајорка“ – вели Трајковски.
„Имав понуди и од други италијански клубови, меѓутоа кога пристигна понудата од Мајорка ми се појави желба за преселба во Шпанија“ – потенцираше Трајковски.

