Фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед ќе се вклучи во трката за потписот на напаѓачот на Наполи, Ирвинг Лозано. Мексиканецот во претходното лето го напушти ПСВ Ајндховен за 40 милиони евра и потпиша за италијанскиот тим.
Неговата трансферна цена според проценките засега останува непроменета. Фудбалерот не успеа да импресионира од почетокот на сезоната и не се вклопи во шемата на новиот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо.
„Црвените ѓаволи“ не се единствениот кандидат за потписот на Лозано бидејќи уште неколку клубови од Премиер Лигата се заинтересирани за 24-годишниот напаѓач. Тоа се Евертон, Тотенхем и Арсенал.

