На натпреварите од фудбалскиот шампионат во Јужна Кореја, кој е најавено дека ќе продолжи на 8 мај, ќе бидат воведени неколку уникатни мерки во борбата против ширењето на инфекција со коронавирусот.
На теренот, на играчите не им е дозволено да плукаат, да се прегрнуваат, па дури и ќе бидат советувани да не зборуваат меѓу себе за да се минимизира ризикот од потенцијално ширење на коронавирус. Од персоналот на тимот ќе се бара да користат медицински маски и нараквици.
Секој играч и службеник неодамна беше тестиран за коронавирус и ќе му биде дозволено да игра само доколку има негативен резултат. Во случај на болест на најмалку еден играч, целиот тим повторно ќе биде испратен во карантин две недели.

