Белгиската фудбалска лига и официјално ќе биде прекината, откако владата воведе забрана за сите спортски настани до крајот на јули по разговорите со Националниот совет за безбедност.
Локалните фудбалски тимови неколку пати одложуваа и конечно го презакажаа гласањето за рестарт на лигата за 15 мај за да ја почекаат одлуката на Владата. Со оглед на новата уредба, јасно е дека нема да има завршување на сезоната.
Управниот одбор на локалната Про лига го најави крајот на сезоната на 2 април поради пандемијата на коронавирус, а одлуката требаше официјално да ја преиспитаат 24-те клубови во првите две дивизии.

