Германската Бундеслигата е на пат повторно да стартува, сега на 15 мај. Според весникот„Билд“ , Германската фудбалска лига вчера им најавила на сите 36 професионални клубови да се подготвуваат за почеток на натпреварите идниот викенд.
Како ќе изгледа комплетниот распоред на натпреварите во Бундеслигата и 2. Бундеслигата ќе биде објавено денеска. Според некои најави, првиот меч кој ќе се одигра по паузата поради пандемијата ќе биде натпреварот во Бундеслигата меѓу Фортуна Дизелдорф и Падерборн, кој се очекува да биде закажан за 15 мај.